Свет Свет САД и ЕУ го осудија нападот во Пакистан

САД и ЕУ го осудија нападот во Пакистан

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изрази сочувство на пакистанскиот народ и влада по терористичкиот напад во кој животот го загубија 72 лица, потврдувајќи ја истовреме и поддршката на ЕУ во борбата против тероризмот.

– Во нападот во центарот на пакистанскиот град Лахоре, настрадаа голем број на семејства, многу од нив христијански, земајќи данок меѓу жените и децата. Изразувам сочувство до народот и владата на Пакистан и ја потврдувам поддршката на Европската унија во борбата против тероризмот и промовирање на заеднички вредности, слобода, мир и различност – порача Могерини.

И генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ги осуди нападите нарекувајќи ги „застрашувачки“ акт на тероризмот.

Соединетите американски држави исто така го осудија нападот во Лахоре, нарекувајќи го кукавички и порачаа дека ќе соработуваат со Пакистан за да се поразат тие кои сеат терор во земјата.

– Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери во Пакистан и ширум регионот, заедно ќе бидеме истрајни во напорите да се искорени тероризмот – изјави портпаролот на американскиот Национален совет за безбедност, соопшти Белата куќа.