Спорт САД: Ѓоковиќ е спортист на годината!

САД: Ѓоковиќ е спортист на годината!

Спортската академија на САД го прогласи српскиот тенисер Нова Ѓоковиќ за спортист на годината, со што тој се најде пред великаните како што се Лионел Меси, Флојд Мејведер, Рафаел Надал, Роро Мекилрој, Пејтон Менинг…

Во изборот можеа да учествуваат љубителите на спортот од цел свет, но повеќето гласачи беа од САД. Во најтесниот круг влегоа 12 кандидати, најдобрите во своите дисциплини.

Академијата воедно иабира и спортист на месецот, врз основа на постигнатите резултати, а завршната церемонија е круна на сите избори.

Во женска конкуренција победи Русинката Марија Шарапова.