Свет САД го ослободуваат израелскиот шпион Полард

САД го ослободуваат израелскиот шпион Полард

Американец осуден на 30 години затвор поради шпионирање за Израел ќе биде ослободен во ноември, откако е усвоено неговото барање за привремено пуштање на слобода, објавија денеска неговите адвокати.

Џонатан Полард, поранешен аналитичар во американската морнарица, е затворен во 1987 година затоа што давал доверливи документи на Израел.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, ги демантираше наводите дека целта на ваквиот потег е да се задоволи Израел поради напнатоста околу иранскиот нуклеарен договор.

Случајот „Полард“ со децении беше камен на сопнување во односите меѓу САД и Израел. Неговите адвокати велат дека „одлуката не е поврзана со неодамнешните настани на Блискиот Исток“.