Свет САД го извеле првиот напад од Турција на ИД во Сирија

САД го извеле првиот напад од Турција на ИД во Сирија

САД го извеле првиот напад со авиони „Ф-16“ од воздухопловната база Инџирлик во Турција на позиции на Исламска држава во Сирија.

Пентагон соопшти дека мисијата со борбените авиони „Ф-16“ почнала, но без да наведе датали, истакнувајќи дека биле погодени голем број цели во Сирија.

По неколку месеци преговарање на Вашингтон и на Анкара, турската влада на крајот на јули се согласи да дозволи стационирање на американското воздухопловство во таа база на југот на Турција.

Авионите со приближно 300 припадници на екипаж, се распоредени во Инџирлик од една база во Италија.