Свет САД денеска го одбележуваат Денот на независноста

САД денеска го одбележуваат Денот на независноста

Националниот празник, Денот на независноста, денеска се одбележува САД, со зголемени мерки за безбедност.

Стејт департментот на САД изврши проверка на безбедноста на американските дипломатски претставништва во светот, во пресрет на 4 Јули, изјави портпаролот Џон Кирби.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, наложи затегнување на мерките за безбедност во целата држава, во одговор на повикот за будност, упатен од федералната власт.

Околу 7.000 полицајци и речиси сите службеници на одделот за борба против тероризмот ќе ги обезбедуваат свечените манифестации во градот Њујорк.

Зголемената будност се наложува поради терористичките напади во светот минатата седмица, за кои одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава.

САД денеска го одбележуваат по 239. пат националниот празник. На тој ден во 1776 година е потпишана Декларацијата за независност од Британската империја.