Видео САД: Четворица загинати во торнадо во Мисисипи

САД: Четворица загинати во торнадо во Мисисипи

Најмалку четири лица загинаа во торнадото што ја погоди сојузната американска држава Мисисипи.

Како што јавуваат американските медиуми, најтешко погодено е гратчето Колумбија, во округот Мерион, каде бурата со себе носела автомобили и покриви од куќи. Според првичните извештаи, многумина се повредени, но засега не се знае точната бројка.