Македонија Русковска за предметот „Меѓународен сојуз“: Парите завршиле во куќата на родителите на...

Русковска за предметот „Меѓународен сојуз“: Парите завршиле во куќата на родителите на Јовановски

Фото: Арбнора Мемети

Судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која се обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“, започна денеска по одложувањето на 1 јули.

Обвинителката Вилма Русковска останува на случајот, иако обвинетите побараа таа да биде изземена, поради што беше и одложен стартот на судењето.

Русковска објасни дека материјалните докази за овој предмет главно произлегле од вештачењето на телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски.

Парите, според Русковска, завршиле во куќата на неговите родители, за што имало фотографија и локација.

„Парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на Јасна Мандиќ и Миле Јовановски да ги уплаќаат како позајмици или враќање на позајмици или донации на БМЈ медија груп, а склоп на оваа компанија беше и 1ТВ,“ рече Русковска.

Инаку, денешното судењето по излагањето на Русковска е одложено за во четврток, бидејќи во моментот кога Бојан Јовановски почна да ги дава воведните зборови, во судницата во Основниот кривичен суд-Скопје му се слоши на татко му, Миле Јовановски.