Свет Европа Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пуштен од затвор

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пуштен од затвор

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, е пуштен од затвор по 20-дневната казна, на која беше осуден поради повикување на недозволени протести, јавуваат светските агенции.

Навални беше уапсен на 29 септември, кога планираше да замине на протест во градот Нижни Новгород. Сепак, тој не беше уапсен поради овој протест, кој беше одобрен од руските власти, туку за повикување на друг, недозволен собир, во Санкт Петерсбург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин.

Навални, кој планира да се кандидира за претседател на изборите во март следната година, и претходно беше во затвор поради организирање и повикување на протести.

По излегувањето од затвор, Навални преку социјалните мрежи изразил надеж дека ќе присуствува на вечерашните демонстрации во Астрахан.