Видео Руски воен авион се урна на Далечниот Исток

Руски воен авион се урна на Далечниот Исток

Руски борбен авион „сухој су-25“ се урна денеска на Далечниот Исток, на 70 километри од руската граница со Кина, јавуваат руските медиуми, наведувајќи дека нема повредени.

Авионот паднал во близина на населено место, односно во двор, а при падот уништил два дрвени објекта.

– Авионот падна во градина, а не врз куќа – изјави неименуван безбедносен извор.

Руското Министерство за одбрана потврди дека авионот се урнал додека се обидувал да слета на воениот аеродром Черниговка.

Пилотот се катапултирал и не е повреден. Авионот за време на летот не бил вооружен, а причина за падот најверојатно е дефект на моторот.