Свет Свет Руската служба за безбедност потврди дека авионот во Египет го урнале терористи

Руската служба за безбедност потврди дека авионот во Египет го урнале терористи

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) соопшти дека биле пронајдени траги од експлозив во авионот што се урна над Шарм ел Шеик.

ФСБ наведува дека бомбата експлодирала во авион на компанијата „Метроџет“, по што леталото се урна на полуостровот Синај додека бил на пат за Санкт Петерсбург.

Причина за падот на авионот е „терористички напад“, се наведува во соопштението на руската безбедносна служба.

Русија за падот на авионот досега не зборуваше како за терористички напад.