Свет Европа Руската рубља со рекодрен пад во однос на доларот и на еврото

Руската рубља со рекодрен пад во однос на доларот и на еврото

Рубљата во текот на оваа година изгуби околу 30 отсто од својата вредност

Руската рубља забележа нов пад во однос на еврото и на американскиот долар, откако ОПЕК одлучи да не го намалува производството на нафта и покрај презаситеноста на светските пазари, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Рубљата загуби 3,6 отсто од вредноста и сега за еден американски долар се добиваат 48,66 рубли, што е надминување за две копејки на претходното најниско ниво од 7 ноември, а за едно евро се добиваат 60,92 рубли.

Рубљата во текот на оваа година изгуби околу 30 отсто од својата вредност, најмногу поради западните санкции врз Русија, поради нејзината вмешаност во кризата во Источна Украина, но и поради падот на цената на нафтата на светски берзи.

Денешната одлука на ОПЕК, исто така, предизвика пад на цените на нафтата на рекордно ниско ниво во последните четири години.

Цената на суровата нафта од јуни годинава е намалена за една третина.