Македонија Руската амбасада повикува на темелна истрага во случајот „Пуч“

Руската амбасада повикува на темелна истрага во случајот „Пуч“

Руската амбасада реагира на акцијата „Пуч“. Од амбасадата велат дека очекуваат темелна истрага во интерес на безбедноста во Македонија.

„Очекуваме дека овој настан ќе биде предмет на темелна истрага во интерес на стабилноста и на безбедноста во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во земјата да дејствуваат во рамките на уставните демократски институти, а постојните проблеми да ги решаваат по пат на дијалог. Какво било разнишување на состојбите во пријателската Македонија носи ризик за опасно заострување на меѓуетничките тензии во земјата“, наведено е во соопштението на Амбасадата на Руската Федерација.

Реакции и повици на транспарентност и на темелна истрага имаше и од Европската Унија и од Амбасадата на САД во Македонија.