Свет Свет Руска воена акција во Латакија

Руска воена акција во Латакија

Руските сили денеска покренале напад во Латакија, област под контрола на бунтовниците во Сирија, во чија близина вчера турски авион „ф-16“ со проектил урна руски тактички авион „су-24“, соопштија денеска бунтовниците и Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението на организацијата со седиште во Лондон се наведува дека најмалку 12 воздушни напади се извршени на северот на Латакија, додека провладините сили се судриле со борците на фронтот Нусра и со туркменските бунтовници во областите Јабал Акрад и Јабал Туркмен.

Туркменски командант рече дека подрачјето е погодено од ракети истрелани од руски воени бродови во Средоземно Море, како и од тешка артилерија.