Свет Русите за 48 часа убиле 304 исламски екстремисти во Сирија

Русите за 48 часа убиле 304 исламски екстремисти во Сирија

Во воздушни напади на руските сили на позиции на Исламска држава на источниот брег на реката Еуфрат, за два дена се ликвидирани 304 екстремисти.

Во нападите се ранети 170 лица, соопшти портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Тој додаде дека се убиени и седум команданти, вклучувајќи го и Абу Исљам ал-Казаки, кој ја координирал операцијата на ИД во долината на Еуфрат.

Во нападите е уништен и тренинг-центар за странски борци на ИД, три командни места, девет бази, осум тенкови, три артилериски системи, како и возила со оружје од голем калибар и четири магацини со муниција.