Свет Европа Русинка уапсена во Њујорк по потерница на Интерпол

Русинка уапсена во Њујорк по потерница на Интерпол

Рускиот конзулат во Њујорк испратил допис до властите на САД, со кој бара информации за притворената Русинка, соопшти дипломатски извор за агенцијата ТАСС.

Весникот „Њујорк пост“ претходно изјави дека Викторија Насирова, за која Интерпол има издадено потерница во 2015 година поради обвинение за убиство, е притворена во САД.

Таа е осомничена дека убила 54-годишна жена во Краснодар, во октомври 2014 година, и притоа украла голема сума пари кои жртвата ги добила од продажба на куќа.

„Немаме добиено официјално известување за притворот на Насирова“, вели изворот.

Неименуваниот извор претходно рече дека во согласност со меѓународните договори, Вашингтон има 72 часа да ја извести Москва за притворот на граѓани на Русија.