Свет Европа Русија се заканува со контрасанкции

Русија се заканува со контрасанкции

Официјална Москва не ја исклучува можноста Русија да воведе реципрочни мерки кон Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и кон Украина, земји кои се приклучија кон антируските санкции на ЕУ, објави „Спутник“.

– Овие мерки, секако, може да бидат донесени. Уште еднаш повторувам дека тоа е основен принцип на реципроцитет – рече прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.

ЕУ објави соопштение во кое се наведува дека земјите-кандидатки Црна Гора и Албанија, членките на Европската асоцијација за слободна трговија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Украина се приклучуваат кон одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на санкциите кон Русија до 31 јануари 2016 година.