Свет Русија протера 34 имигранти

Русија протера 34 имигранти

34 имигранти, кои нелегално работат во земјата, се уапсени  во Санкт Петерсбург. Работниците биле од Узбекистан и од Таџикистан, а биле уапсени на градилиште.

Во официјалното соопштение се вели дека еден од имигрантите се обидел да им избега на безбедносните служби, но бил фатен. Судот пресуди дека уапсените мора да бидат депортирани во нивните земји и секој од нив да плати казна од 5.000 рубли.

Судот, исто така, пресуди дека кривично ќе бидат гонети и три градежни компании, одговорни за нелегалното вработување на работниците.