Свет Русија од денеска претседава со Советот за безбедност на ОН

Русија од денеска претседава со Советот за безбедност на ОН

Русија од денеска е нов претседавач со Советот на безбедност на Обединетите нации (ОН), во екот на силни тензии поради војната во Сирија.

Делегацијата на Русија го презема претседавањето со Советот на безбедност на ОН во моменти кога состојбата во Сирија се влошува и кога изборот на нов генерален секретар на Светската организација е во одлучувачка фаза.

Првиот состанок со кој ќе претседава Русија ќе биде одржан на 3 октомври, кога ќе биде одобрен планот за работа за овој месец, а истиот ден рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ќе говори за случувањата што се предвидени за октомври.