Свет Европа Русија најави прекин на испораката на гас за Украина

Русија најави прекин на испораката на гас за Украина

Русија се закани со целосно прекинување на испораката на гас за Украина, доколку официјален Киев во рок од два дена не го плати долгот, соопшти „Газпром“.

Директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, посочи дека официјален Киев повлекува сè што може да повлече од платените резерви и оти прекинот на испораката за гас за Украина може да предизвика транзитен ризик за Европа.