Свет Балкан Русија ќе ѝ продаде на Турција ракетен систем вреден над две милијарди...

Русија ќе ѝ продаде на Турција ракетен систем вреден над две милијарди долари

Руската државна фабрика за оружје „Ростек“ потврдила дека договорот за продажба на ракетниот одбранбен систем С-400 на Турција надминува две милијарди американски долари, јавуваат руските државни медиуми, пренесува ХРТ.

Американски воени претставници и политичари изразија загриженост поради намерата на Турција, која е членка на НАТО, да купи софистициран ракетен систем од Русија, како и поради сè посилните сигнали од Анкара дека се приклонува кон Москва, во последните неколку години.

Рускиот ракетен систем С-400, кој е икомпатибилен со системите на НАТО, може да уништи воздушни мети на растојание од 400 километри.