Свет Европа Русија ќе ја запре изградбата на „Јужен тек“

Русија ќе ја запре изградбата на „Јужен тек“

Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“ поради тоа што ЕУ не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот.
– Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. Всушност, не само што Европската комисија не обезбеди помош во спроведувањето на проектот, туку создаваше пречки – рече Путин.

Путин, говорејќи на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Русија е подготвена да изгради складиште за гас во близина на турско-грчката граница за снабдување на Европа со овој важен извор на енергија, за да се компензираат загубите од запирањето на „Јужен тек“ и дека ќе ја намали цената на гасот за Турција за шест отсто.