Свет Русија ја отфрла одговорноста за повредувањето на детето од Алепо

Русија ја отфрла одговорноста за повредувањето на детето од Алепо

Руското министерство за одбрана денеска отфрли каква било одговорност за нападите на предградие на Алепо, во кој е повредено дете, чие спасување е снимено и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Фотографијата на која петгодишниот Омран Дакнеш мирно седи во возило на итната помош, облеан во крв и прашина и чека помош е една од потсетниците за страдањата на сирискиот народ и катастрофалната хуманитарна ситуација.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, Русија не бомбардира населени подрачја, туку тоа е дело на бунтовниците кои „самите се напаѓаат во цивилните области“ со цел да се поткопаат хуманитарните напори.

Руското Министерство за одбрана исто така навело дека на фотографиите со повреденото дете се гледаат недопрените прозорци на куќата до неговата. Тоа, според нив, укажува дека куќата на детето на била мета на руските воздушни сили, туку на граната која ја испукале бунтовниците.