Подглавна секција Русија го лансираше досега најобемниот воздушен напад против Украина

Русија го лансираше досега најобемниот воздушен напад против Украина

Регистрирани се најмалку 30 убиени и 180 повредени лица

Фото: Кијив, Photo by Glib Albovsky on Unsplash

Русија лансираше огромен број ракети кон градови во Украина, вклучувајќи го и Кијив. Забележани се најмалку 33 убиени цивили и 180 повредени, известува Гардијан.

Украинските воздушни сили соопштија дека собориле 87 ракети и 27 дронови, од вкупно 158 воздушни оружја кои се обиделе да ги соборат.

За време на нападот, полската војска соопшти оти неидентификуван воздушен објект, кој таа го идентификувала како руска ракета, летала во полскиот воздушен простор најмалку три минути.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека се сретнал со претседателот на Полска во врска со инцидентот. Москва вели оти нема да коментира сè додека не добие „конкретен доказ“ дека всушност станува збор за руска ракета.

Украина апелираше за повеќе хуманитарна и воена помош од западните сили. Британија ќе ѝ прати на Украина околу 200 ракети, а претседателот на САД Џо Бајден апелираше пред конгресот побрзо да се преземаат мерки за помош за Украина.

Украина, пак, ги нападна руските региони Белгород и Брјанск. Забележан е најмалку едно убиено во нападот. Руските сили тврдат дека собориле 13 ракети.