Русија ги интензивирала воздушните напади во централниот и во источниот дел на Сирија на позициите на џихадистите на Исламска држава, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права.
– Повеќе од 80 воздушни напади, претежно руски, се спроведени врз позициите на исламистите во Хомс – изјави директорот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, додавајќи дека бомбардирани се подрачјата околу Палмира и Деир ел-Зор.
Русија, но и Франција, по уривањето на рускиот патнички авион во Египет и по минатонеделните терористички напади, двојно ги зголемија нападите на позициите на ИД во Сирија. Одговорноста за терористичките напади ја презеде ИД.