Свет Русија ги оцени санкциите од САД како бескорисни

Русија ги оцени санкциите од САД како бескорисни

Русија ги оцени американските санкции како бескорисни и додава дека ќе возврати на мерките, но не прецизираше како.
Москва во денешното соопштение вели дека ќе чека колку што е потребно САД да ѝ го признае историското право на полуостровот Крим, кој оваа година се отцепи од Украина и се припои кон Русија.
Руското министерство за внатрешни работи денеска изрази жалење поради тоа што САД и Канада сè уште не можат да ги прифатат резултатите од референдумот на Крим од март годинава. Оттаму велат дека новите санкции нема да ја натераат Русија да се откаже од Крим затоа што е „историски и интегрален дел од Русија“.
Соединетите Американски Држави вчеравечер воведоа економски бојкот и издадоа наредба за забрана за извоз на стоки, технологија или услуги во Крим.