Свет Русија е отворена за соработка со САД и со НАТО, тврди Лавров

Русија е отворена за соработка со САД и со НАТО, тврди Лавров

Русија е отворена за чесна соработка со САД и со НАТО, која би се темелела на потрага по рамнотежа на интереси, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Без разлика на русофобијата меѓу некои елити на Западот, ние сме секогаш отворени за соработка со САД, ЕУ и со НАТО – рече Лавров на панел-дискусијата во Сочи, под наслов „Глобална политика и нејзина агенда: Како да се заштити светот“.

Според Лавров, Г20 има „адекватен потенцијал за процес на формирање полицентричен светски поредок“.