Македонија Рурална Коалиција и Фондација Метаморфозис организираат настан за нивото на дигитална писменост...

Рурална Коалиција и Фондација Метаморфозис организираат настан за нивото на дигитална писменост во руралните средини

Фото: rural.mk

На 29 април, со почеток во 11 часот, на Зум платформата, Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата и организација која што ќе служи како локален центар за е-поддршка при користење на дигиталните услуги, ја организира првата национална прес-конференција за презентација на наодите од извештајот за нивото на дигитална писменост и користењето на е-услугите во руралните средини.

На презентацијата и промоцијата на резултатите, но и заклучоците и препораките од извештајот, свое воведно обраќање ќе имаат претставниците на Фондацијата Метаморфозис како имплементатори на регионалниот проект „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ поддржан од Европската унија, кој го спроведуваат во партнерство со Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА – Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово).

Резултатите, пак од истражувањето ќе ги презентираат извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, и програмската соработничка Елизабета Ристеска – Мрческа. Воедно, на настанот ќе се промовира и првата платформа за е-земјоделски услуги, која што на едно место ги собира сите електронски достапни услуги и информации поврзани со секторот земјоделство и рурален развој.

Истражувањето е спроведено во периодот јануари – март 2021 година, а опфаќа 246 испитаници од 6 плански региони,

Една од главните цели на проектот „Дигитализација во земјоделството – СЕГА“ е зголемување на информираноста и видливоста на предизвиците со коишто се соочува населението во руралните средини, кога станува збор за користењето на услугите и познавањето на Дигиталната агенда на државата воопшто.

Сите заинтересирани лица може да го проследат настанот преку вклучување на овој линк.