Дописници Рударите добија дел од платата, но не влегоа во рудниците

Рударите добија дел од платата, но не влегоа во рудниците

Плата до минималната, добија вчера попладне рударите од Злетово и од Тораница. Сепак, тие останаа упорни на одлуката за прекин на работа, додека целосно не биде исплатена јануарската плата.
Синдикатот потврди дека и денеска преговарале со менаџментот на „Индо минерали и метали“, компанијата која стопанисува со рудникот.
Оттаму добиле ветување дека до понеделник, до десет часот, ќе им биде иплатена платата. Претседателот на синдикатот во рудникот Тораница, Бранко Димитровски, изјави дека рударите в понеделник ќе дојдат на работа, меѓутоа нема да работат сè додека не добијат потврда дека платата ја имаат на сметка.
Од „Индо минерали и метали“ соопштија дека заеднички со работниците се договараат за текот на работите, а  со синдикатот е договорен распоредот на исплатата на платите, како и динамиката на исплатата.