Свет Европа Ротшилд: Светот во 2016 година го чека нова економска криза

Ротшилд: Светот во 2016 година го чека нова економска криза

Ситуацијата во светската економија и на берзите и годинава ќе се влоши, а најтешко ќе им биде на земјите што зависат од цените на суровините, наведува во писмото за клиентите на неговата компанија „РИТ Капитал партнерс“, Џејкоб Ротшилд, еден од најмоќните луѓе во светот.

– Во последните неколку години, земјите во развој забрзано се задолжуваa, а сега кредитите им доаѓаат за наплата. Кредитите се зголемија поради порастот на курсот на доларот, а ситуацијата дополнително им ја отежнува падот на цените на суровините на светските берзи. Такви земји како што се Русија, Нигерија, Бразил, Казахстан, Украина ќе бидат во исклучително тешки позиции – напишал Ротшилд.

Тој предвидува дека кризата ќе се зголеми во целиот свет, а тоа го образложува со фатот што сè уште не е извесно колку економијата на Кина ќе забави, како и со разочарувачкиот пораст на домашниот бруто-производ во САД и во Европската Унија.