Свет Европа Романската гранична полиција открила 111 мигранти во камион

Романската гранична полиција открила 111 мигранти во камион

Романската гранична полиција открила 111 мигранти, кои биле сокриени во приколка од камион, и ги спречила да ја напуштат земјата и да се упатат кон Западна Европа, јавуваат агенциите.

Полицијата ја открила групата мигранти, меѓу кои имало и деца, на романско-унгарската граница, вчера вечерта. Мигрантите биле со потекло од Ирак, Сирија, Иран, Авганистан, Пакистан и од Индија.

Возачот, инаку романски државјанин, кој е осомничен за соучество, на полицијата ѝ рекол дека не знаел дека има сокриени лица во камионот.

Полицијата соопштила дека мигрантите имале намера да стигнат до шенгенската зона, во која е можно преминување на границата без запирање.