Дописници Романот „Џимиринче“ од Милисав Савиќ на македонски јазик

Романот „Џимиринче“ од Милисав Савиќ на македонски јазик

Романот „Џимиринче“ на еден од водечките современи прозаисти во Србија, Милисав Савиќ, излезе од печат во издание на „Везилка 2011“, а со превод на Ристо Лазаров.

– „Џимиринче“ е романескен приказ на времето на распаѓањето на СФРЈ и на раѓањето на мафијата во некогашната југословенска престолнина. Јунаците во романот се луѓе од периферијата, кои секавично влегуваат во светот на профитерството иако немаат абер што е тоа – туку така, наеднаш да одимаш сè што ќе посакаш – се наведува во поговорот кон романот.

Савиќ е автор на десетина романи, а во 1991 година за романот „Леб и страв“ ја доби наградата на НИН за роман на годината. Добитник е на сите позначајни книжевни награди во Србија, а преведуван е на повеќе европски јазици.