Свет Балкан Романија: Осум загинати во хеликоптерска несреќа

Романија: Осум загинати во хеликоптерска несреќа

Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за воен хеликоптер

Осум лица загинаа при уривање на хеликоптер во централниот дел на Романија, соопшти националната служба за вонредни ситуации.

– Двајца од повредените, кои се здобиле со изгореници, се евакуирани – соопшти портпаролот на службата за вонредни ситуации, Бјанка Сабау.

Засега не се познати причините за несреќата. Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за воен хеликоптер од типот „ИАР-330 пума“.