Свет Рохани именуваше две жени за потпретседателки на Иран

Рохани именуваше две жени за потпретседателки на Иран

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, именуваше две жени за потпретседателки на државата, само еден ден откако се најде на удар на реформистите поради тоа што меѓу министрите во неговиот кабинет нема жени.

Масуме Ебтекар, која на меѓународната јавност ѝ е позната по портпаролската улога за време на заложничката криза во американската амбасада во Техеран во 1980 година, е именувана за потпретседателка за прашања за жените. Таа претходно го водеше ресорот екологија.

Лаја Јонеиди е поставена на местото потпретседателка за правни прашања, додека Шахиндот Моулаверди е именувана за специјална советничка за првата на граѓаните.

Критикувајќи го изоставувањето на жените министри од составот на новата влада, реформистичките политички сојузници на Рохани тврдат дека тој подлегнал на притисокот на верскиот естаблишмент во Иран.