Македонија Роберт Алаѓозовски ќе биде национален координатор за култура во кабинетот на Заев

Роберт Алаѓозовски ќе биде национален координатор за култура во кабинетот на Заев

Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски се сели во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Тој е назначен на висока државна функција односно национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вели дека се работи за функција предвидена со закон и кусо одговори дека за секој национален координатор потребно е именување од Влада.

Алаѓозовски, кој беше опфатен со реконструкцијата на Владата, денеска му ја предаде функцијата на Асаф Адеми од Беса.