Македонија Ристевски: Жерновски покажа дека не му се важни граѓаните и нивните потреби

Ристевски: Жерновски покажа дека не му се важни граѓаните и нивните потреби

Додека граѓаните на општина Центар не можат да излезат на крај со улиците неисчистени од снегот и од мразот, Жерновски е единствениот градоначалник што им пружи за уживање 270 метри Боемска улица, која чини неверојатни 710.000 евра, рече денеска на прес-конференција Јордан Ристевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

– Преспаниот мандат и неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората Боемска улица од 270 метри, улица која чини колку 3 градинки во општина Центар. Според јавната набавка што ја склучила Општина Центар, проценетата вредност на договорот била 39.661.017 денари, додека целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или 4 милиони денари повеќе. Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни на што се потрошени тие 4 милиони денари. Двете улици чинат повеќе од 1,2 милиони евра пари на граѓаните на општина Центар – вели Ристевски.

Според Ристевски, со овие пари Жерновски можел да реализира капитални проекти, како градинки, улици, комунални системи и слично, но тој покажал дека не му се важни граѓаните и нивните потреби.