Македонија „Република Северна Македонија“ за Алијанса за Албанците е прифатливо име

„Република Северна Македонија“ за Алијанса за Албанците е прифатливо име

Новиот предлог за името на државата „Република Северна Македонија“  преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите, смета Алијанса за Албанците.

„Веруваме дека овој предлог е прифатлив за сите, и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата, за разлика од претходниот предлог соопштен од Владата и промовиран од ДУИ кој што содржеше историски и религиозни елементи“, порачуваат од Алијанса за Албанците, посочувајќи дека партијата ќе ја поддржи ратификацијата на договорот во Собранието и поддржува одржување референдум.

Сепак, како што се вели во соопштението, станува збор за првичен став, а откако ќе го добијат предлог-договорот, ќе се изјаснат и за другите детали од договорот „предлог кој што треба да го реши и прашањето на националниот идентитет“.