Главна секција Ременски не чувствува вина за случајот „Рекет“

Ременски не чувствува вина за случајот „Рекет“

Пратеничката Фросина Ременски рече дека не чувствува вина и очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар.

Откако даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“, таа додаде дека се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели дека е невина.

-Сакам да направам разграничување помеѓу случајот „Рекет“ воден против тројцата осомничени и за случајот за кој обвинителството највува истрага во однос на делување на Меѓународниот сојуз – рече Ременски за која се побарани мерки и се очекува одлука.

Таа додаде дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Зоран Заев, кој вчера изјави дека „ако некое лице биде осомничено, обвинето или слично, ќе биде времено отстрането од партијата“.