Македонија Рекордни 870 случаи со ковид-19, починаа 14 лица, оздравени 292

Рекордни 870 случаи со ковид-19, починаа 14 лица, оздравени 292

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55, Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, Неготино-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-14, Штип-8, Прилеп-9, Тетово-21, Струга-2, Велес-2, Битола-9, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-26, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-4, Неготино-5.

Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, бројката на оздравени пациенти е 19.771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Бројката на активни случаи на ковид-19 се зголемува и во скопските општини каде што најмногу има во Аеродром 710, Карпош 580, Центар 535, Гази Баба 492, Кисела Вода 467.