Дописници Рекордни 135 интервенции на Територијалната противпожарна единица од Охрид

Рекордни 135 интервенции на Територијалната противпожарна единица од Охрид

Поради големиот број на пожари во првото тримесечjе од годинава, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и четири интервенции на опожарени сообраќајни средства.

„Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои користат уреди, средства и отворен оган за одредени активности, должни се тоа да го прават на начин да ја обезбедат околината и да не предизвикуваат пожари или експлозии“, велат од ТППЕ Охрид.

Од ТППЕ упатуваат апел до граѓаните, да не палат оган во посевите и стрништата и предупредуваат на високите казни за предизвикувачите на пожари.