Македонија Рекордни 1.321 нови случаи на ковид-19, починаа 26 лица

Рекордни 1.321 нови случаи на ковид-19, починаа 26 лица

Доктори и медицински персонал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.836 тестирања, а се регистрирани 1.321 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-583, Куманово-100, Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-5, Берово-3, Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, Ресен-10, Неготино-24.

Институтот за јавно здравје евидентира 433 оздравени пациенти, од: Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-1.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42.540, на оздравени пациенти е 25.353, на починати е 1.212, а бројот на активни случаи изнесува 15.975. Во Скопје и понатаму е најголем бројот на позитивни лица, 18.647, од кои активни случаи се 7.410. Тетово е втор на листата со 2.917 позитивни случаи и со активни 963, а трето е Куманово со 2.828 случаи од кои активни на ковид-19 се 738.

На Инфективната клиника се примени 10 пациенти, вкупно се хоспитализирани 155, на кислородна поддршка се 134 лица. Во болницата во Козле се примени 11 деца позитивни и 3 суспектни на ковид-19 и 27 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти, на респиратор се 7. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, а на кожната клиника 23 пациенти. Во болницата во Битола се примени 80, а во Штип 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини, активни случаи денеска има најмногу во Аеродром, 1.161, Гази баба, 1.007 и Карпош, 987 активни лица на ковид-19.