Главна секција Река луѓе се слеваат низ Партизанска

Река луѓе се слеваат низ Партизанска

Граѓани кои сакаат да дадат поддршка на денешниот митинг „Граѓаните за Македонија“ со автобуси пристигнаа од другите градови.

Повеќе од дваесет автобуси од Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар се паркирани долж булеварот 8 Септември, како и на булулеварот Партизански одреди и спроти комплексот на „Ми-Да“.

Граѓаните со транспаренти и со македонски и албански знамиња, се чекаа на крстосниците за сите заедно да продолжат да се движат низ Партизанска спрема Соборниот храм „Св.Климент Охридски“.

На дел од трансперентите пишуваше „Оставка“, „Цензурата е забранета“, а беа цитирани и делови од Уставот.