Македонија Регулаторна: За 18 месеци издадени лиценци за 545 централи за струја од...

Регулаторна: За 18 месеци издадени лиценци за 545 централи за струја од обновливи извори

Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти, рече Бислимоски

Photo by Mike Setchell on Unsplash

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за 18 месеци – од јануари 2022 до јуни 2023 година – издала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупно инсталирана моќност од речиси 270 мегавати.

Според Регулаторна, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.

„За шест месеци РКЕ издаде лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година. Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.