Македонија Регистрирани нови земјотреси кај Лерин

Регистрирани нови земјотреси кај Лерин

Фото: EMSC

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Епицентрите се наоѓаат 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 4:01 часот денеска, со локална Рихтерова магнитуда ML3.7 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.