Здравје Регистрирани нови 668 случаи на ковид од направени 3.974 тестови

Регистрирани нови 668 случаи на ковид од направени 3.974 тестови

Фото: Мета.мк

Во изминатите 24 часа се регистрирани 668 нови случаи на ковид-19 од направени вкупно 3.974 тестови, јави министерството за здравство. Во проценти, околу 16 отсто од тестовите биле позитивни.

Во истиот период како последица од болеста ковид-19 починале седум лица.

Најголем дел од регистрираните нови слуичаи се во Скопје – 340, потоа во Битола – 43, Куманово и Струмица по 33, Охрид 30, Прилеп 23, Тетово 22…

„Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции“, велат од министерството за здравство.

Од починатите седуммина, тројца се од Прилеп, двајца од Скопје и по еден од Куманово и Струга. Сите починале во болнички услови, биле на возраст од 60 до 82 години и сите имале коморбидитети.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595“, соопштија од ресорот здравство.