Здравје Регистрирани 1.091 нов случај на ковид, секој трет тест бил позитивен, починале...

Регистрирани 1.091 нов случај на ковид, секој трет тест бил позитивен, починале 36 лица

Рентгенска снимка на бели дробови на пациент заболен од ковид-19 со пневмонија | Фото: Hellerhoff, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Од 3.702 тестови регистрирани се 1.091 нов случај на ковид-19 во последното деноноќие, јави Министерството за здравство. Процентуално земено, секој трет направен тест бил позитивен.

Најголем дел од новите случаи биле од Скопје – 586, потоа Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39.

„Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции“, велат од ресорот здравство.

Во последните 24 часа починале 23 лица, но дополлително се пријавени уште 13 претходно починати.

„Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети“, велат од министерството

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.