Свет Реформистите победија на локалните избори во Иран

Реформистите победија на локалните избори во Иран

Реформистичките кандидати освоија најмногу гласови на локалните избори во Техеран, после победата на умерениот Хасан Рохани на претседателски изборите во Иран.

Иранската државна телевизија денеска објави дека Мохсен Хашеми Рафсанџани, син на поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, освоил повеќе од 1,7 милиони гласови.

Резултатите значат дека реформистите можат да го сменат градоначалникот на Техеран, Мохамед Багер Калибаф, кој е приврзаник на тврдокорните движења.

Иранските општински совети ги бираат градоначалниците и одлучуваат за буџетите и развојните проекти.

Според информациите на медиумите, реформистите победиле на локалните избори и во другите делови на Иран.