Македонија Реформаторите во Брисел ја презентираа декларацијата за eвропскa ВМРО-ДПМНЕ

Реформаторите во Брисел ја презентираа декларацијата за eвропскa ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ во Брисел се сретнале со членови на Европскиот парламент од Европската народна партија (ЕПП), на кои им ја презентирале декларација „Европска ВМРО-ДПМНЕ за европска Република Македонија“ и декларацијата за демократизација и за модернизација на ВМРО ДПМНЕ.

– Средбите што ги имавме во Брисел ја покажаа поддршката која ја имаме, не само меѓу членството во ВМРО-ДПМНЕ, туку и кај политичарите од сестринските партии во Европа. Оваа поддршка недвосмислено кажува дека партијата треба да се реформира како услов за деизолција и за враќање на угледот на ВМРО ДПМНЕ, кој во изминатите години беше нарушен со погрешни политики – вели Александар Михајлоски од иницијативата.

Тој соопшти дека имале голема поддршка за унапредување и за модернизирање на ВМРО-ДПМНЕ низ реформските процеси што ќе придонесат Европската народна партија повторно да има силен партнер во  Македонија.

– Во наредниот период таа поддршка и јавно, преку пораки и настапи, ќе биде дадена на внатрепартиската инцијатива за реформи, за Македонија забрзано да се придвижи кон членство во ЕУ и во НАТО, бидејќи на Македонија ѝ треба силна, проевропска и конструктивна ВМРО-ДПМНЕ – додава Михајловски.