Македонија Референдумот во Гевгелија успешен, излезноста околу 58 отсто

Референдумот во Гевгелија успешен, излезноста околу 58 отсто

Повеќе од 58 проценти од запишаните 19.458 гласачи во Гевгелија излегле на гласање на денешниот референдум, соопштуваат избирачките одбори од вкупно 37 гласачки места. Тоа значи дека е надминат прагот од 50 проценти излезност за да биде референдумот легитимен.

– Според излезноста на граѓаните, заклучно со 17 часот, уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија се изјаснуваат по прашањето дали се за или против отворање рудници за злато на планината Кожуф – изјави Гордана Поп-Кочева, претседателка на ОИК Гевгелија.

Конечните резултати за излезноста и за изјаснувањето на граѓаните ќе бидат познати по 20 часот.