Македонија Ахмети: Референдумот беше консултативен, има поважни прашања од предвремени избори

Ахмети: Референдумот беше консултативен, има поважни прашања од предвремени избори

Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите и за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за интеграција во НАТО, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по референдумот.

– Овој процес значи реформи, затворање на прашањето со Грција, економски прогрес. Денес кажуваме дека Собранието треба да ја донесе одлуката за овој процес. И ние ќе гласаме за таа одлука. На изборите во 2016 година кажавме дека сме за НАТО и ЕУ, и тоа го кажаа сите политички партии, затоа што друга алтернатива нема. Референдумот беше само консултативен, Македонија има многу поважни прашања отколку предвремени парламентарни избори – рече Ахмети.