Спорт Реал сосиедад му даде отказ на тренерот

Реал сосиедад му даде отказ на тренерот

Реал Сосиедад се наоѓа на 19-то место на првенствената табела со осоени само шест поени по 10 одиграни кола

Шпанскиот прволигаш Реал сосиедад и официјално соопшти дека Јагоба Арасате повеќе не е прв тренер на тимот. Клубот од Баскија бележи исклучително лош почеток на новата сезона во шпанската лига Примера, но очигледно последниот домашен пораз од екипата на Малага ги натера раководните луѓе да размислуваат за промени.
Реал сосиедад се наоѓа на 19. место на првенствената табела со освоени само шест поени по 10 одиграни кола, што доволно говори во каква ситуација се наоѓа тимот од Сан Себастијан.